-->
-->
Победи на Јувентус и Севиља во првите осминафинални натпревари во Лигата на шампионите
-->
Со двата натпревари кои сеодиграа синоќа комплетирана е прват фаза од осминафиналната рунда во фудбалската Лига на шампиони.
Италијанскиот првак Јувентус забележа победа од 2:0 на гостувањето на „Драгао“ кај Порто со головите на Марко Пјаца (72.минута) и Дани Алвеш (74).
Шпанската Севиња со 2:1 го победи англискиот шампион Лестер. Головите за домаќините ги постигнаа Пабло Сарабија (25) и Карлос Кореа (62), додека Џејми Варди беше стрелец на погодокот за Лестер (73.минута).
Овие екипи своите реванш натпревари ќе ги играат на 14. март.
Потсетување на резултатите на претходно одиграните натпревари од оваа рунда: Баер Леверкузен - Атлетико Мадрид 2:4, Манчестер Сити – Монако 5:3, Бенфика - Борусија Дортмунд 1:0, Париз Сен Жермен – Барселона 4:0, Баерн Минхен – Арсенал 5:1 и Реал Мадрид – Наполи 3:1.
На 7 март ќе се играат реванш натпреварите во Неапол и Лондон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација