Фудбал
20. March 2021 - 20:09

Победа на Реал во Виго

Фудбалерите на Реал Мадрид однесоа значајна победа на гостувањето во Виго совладувајќи ја домашната Селта со 3-1. Јунак во редовите на кралевите беше Бензема кој постигна два гола  со што  шампионот врза две победи и ја продолжува битката за одбрана на титулата со Атлетико и Барселона. 
Покрај Бензема во листата на стрелците за гостите се запиша и Марко Асенсио што е негов трет погодок оваа сезона. За домашните  гол постигна Санти Мина.