-->
-->
Победа и пораз за Јотовски во Брчко
-->
Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски постигна победа и порез денеска на мечевите на фјучрсо во Брчко.
Во поединечна конкуренција по голема борба го победи Данил Калиниченко по околу два часа и 30 минути игра. Во решавачкиот сет по 5:4 за противникот Јотовски освои три гема (еден брејк) и победи со 2-1 во сетови (6:2; 2:6 и 7:5).
Утре во четвртфиналето нашиот тенисер ќе ја „брка“ првата победа против Србинот Дејан Катиќ. Катиќ без проблем денеска го победи третиот носител Нико Матиќ со 6-2 и 6-1. Јотовски има и еден пораз од Катиќ во финалето во Суботица во 2014 година.Сега тениерот од Србија се нааоѓа на 846 место и Јотовски има подобар ранг од него.
Во игра на двојки Јотовски со Дарко Јандриќ (трети носители) загубија со 2-0 од првите носители Лукас Мидлер и Давид Пихлер од Австрија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Томас Вајц: Нема сомнеж дека Македонците се Македонци и дека македонскиот јазик е македонски јазик
-
Победнички старт на македонските одбојкарки во Европската сребрена лига
-
Трамп: Маск направи фантастична работа додека беше шеф на Одделот за владина ефикасност
-
„Вдоми Љубов“ - фестивал посветен на вдомувањето на кучиња и одговорното сопствеништво
-
МПЦ-ОА одбележува 1700 години од Првиот вселенски собор на кој присуствувале и тројца македонски епископи
-
Полагањето на државната матура почнува денеска со првиот екстерен испит
-
Без вода Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, Железара, Бутел и Визбегово
-
Денеска и утре во Скопје авионска дезинсекција против комарци