Побарана конгресна истрага против Трамп за „недолично секусално однесување“
Три од жените, кои лани го обвинија американскиот претседател Доналд Трамп за „недолично секусално однесување“, синоќа ги повторија своите обвинувања и побараа од Конгресот на САД да отпоче официјална истрага за нивните наводи, јави „Гласот на Америка“.
- Ако Конгресот сметаше дека треба да го истражи случајот на сенаторот Ал Франкен, мислам дека е праведно конгресмените да го имаат истиот пристап и кон Трамп, изјави една од трите жени Рејчел Крокс на прес-конференција.
Сенаторот Франкен поднесе оставка минатата недела по обвиненијата што против него ги изнесоа неколку жени за сексуално вознемирување.
Крокс лани го обвини Трамп дека на сила ја бакнал во 2005 година, кога работела на рецепцијата во „Трамп тауер“ во Њујорк.
Таа на прес-конференцијата беше придржувана од Саманта Холвеј, која тврди дека Трамп без покана упаднал во нејзината гардероба за време на изборот за Мис на САД во 2012 година, како и од Џесика Лидс, кој го обвини американскиот претседател дека непримерно ја допирал и бакнувал додека седела до него во авион кон крајот на 70-те години на минатиот век.
Крокс, Холвеј и Лидс, заедно со уште десетина други жени, лани во текот на кампањата за претседателските избори, го обвинија Трамп за сексуално вознемирување.
Трамп досега во повеќе наврати ги отфрли ваквите обвинувања, а Белата куќа синоќа оцени дека „прашањето е затворено“ со неговата изборна победа.
- За овие лажни тврдења, кои во повеќето случаи беа оспорени со изјави на очевидци, долго се расправаше во текот на ланската кампања и американскиот народ го изнесе својот став обезбедувајќи му решавачка победа, соопшти Белата куќа, додавајќи дека станува збор за „политички мотивирани обвинувања“.
Обновените обвинувања против Трамп доаѓаат во време кога повеќемина политичари, уметници, новинари и бизнисмени беа обвинети за сексуално малтретирање.
Ново на Сител
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање