Бизнис
30. October 2017 - 19:36

Побаран е стечај за Фени, судбината на 850 вработени е во рацете на судот и стечајниот управник

Побаран е стечај за Фени од Кавадарци. Трите банки, Комерцијална, Стопанска и Силк роуд денеска до судрт во Велес побараа да се отвори стечај за комбинатот. Првите луѓе на трите банки денеска брифираат дека на овој начин многу побрзо ќе се најде сериозен инвеститор кој ќе го реорганизира и ќе го продолжи работењето на кавадречкиот гигант.

Трите банки се најголеми доверители во Фени. Комбинатот им должи 40 милиони евра, а уште 20 милиони се побарувања на други компании. Имало претходен договр, при евентуална продажба да се бара согласност и од банките. Банките се согласиле да добијат мал надомест за достасаните обврски, при тоа остатокот да го репрограмираат, но да добијат и  план за реорганизација на компанијата

Фирмата која претходно објави дека го купила комбинатот, бугарската Енекод, договор нема потпишано, а при тоа  немало ни договор со банките за купопродажбата. Платата која ветија дека ќе ја исплатат во петокот, всушност ја исплати домашна компанија, соработник на Фени. Заради тоа Комарецијална, Стопанска и Силк роуд денеска побараа стечај. За судбината на 850 работници одсега ќе решава судот и стечајниот управник.

Во целиот овој процес, Владата не може да решава за судбината на комбинатот. Но, целта е што побрзо да се најде сериозен сопственик и тој да продолжи со работа. Од кабинетот на вицепремиерот Ангушев велат дека имаат информации дека две големи странски компании веќе проијавиле интерес да го купат Фени.

Државата од своја страна, во Фени врши контрола на работењето. Инспектори на УЈП и финансиската полиција констатирале низа неправилности во работењето, меѓу другото Фени воопшто нема доставено ни завршна сметка за минатата година. Банките ќе бараат и кривична одговорност  од претходниот сопственик затоа што ги отуѓил залихите без нивна согласност спортивно на договорите за кредит.