ОН побараа 550 милиони долари за помош на Авганистан
Обединетите нации побараа денеска хуманитарна помош во вредност од 550 милиони долари за Авганистан, која и е потребна на една третина од популацијата во оваа земја.
ОН сметаат дека оваа година ќе биде потребна помош за 9,3 милиони луѓе, што е 13 отсто повеќе во однос на претходната година.
До зголемување на бројот дојде бидејќи од Авганистан луѓето заминуваа поради судирите меѓу владата и талибанците, како и поради бројот на бегалците кои во Авганистан се вратија од Пакистан.
- Моментната состојба во Авганистан ги обврзува ОН да ја повикаат меѓународната заедница да им помогне на голем број Авганистанци, чии животи се загрозени, нагласи хуманитарниот координатор на ОН, марк Бауден.
Според податоците на ОН, повеќе од половина милион Авганистанци ги напуштиле своите домови поради конфликтот во текот на минатата година, а над 600.000 бегалци биле принудени да се вратат од Пакистан и Иран.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Бендевска, потпретседателка на ЗНАМ
-
Гаши поднесе оставка во Алтернатива, утре ќе биде избран за собраниски спикер
-
Заседава раководството на СДСМ - Ковачевски нема да се кандидира, неколкумина подготвени да влезат во трка
-
ДИК го отфрли приговорот на ДУИ
-
Претседателката ќе го почитува Уставот
-
ВМРО-ДПМНЕ, Вреди, ЗНАМ пред финален договор - распределени министерствата и претседател на Собранието
-
ДИК одлучува за гласањето во Желино
-
Пукање на Пластичарска: Еден загинат, двајца ранети