Свет
7. April 2020 - 12:19

По заканите од Трамп, Индија го деблокира извозот на лекови

Индија соопшти дека клучните лекови што се тестираат како потенцијални медикаменти против Ковид-19 ќе ги обезбеди за државите кои се тешко погодени од пандемјата, неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп навести „одмазда“ доколку Њу Делхи не ја укине забраната за извоз.

Индија во саботата го забрани извозот на хидроксихлороин, евтин лек против маларија, за кој се верува дека би можел да биде пресвртница во борбата против пандемијата.

– Со оглед на хуманитарните аспекти на пандемијата, одлучено е дека Индија ќе одобри парацетамол и хидроксихлороин во соодветна количина за сите соседни држави што зависат од нашите можности, изјави портпаролот на индискиот министер за надворешни работи, Анураг Сривастава.

И додаде дека земјите што се тешко погодени од пандемијата ќе бидат, исто така, снабдени со лекови.

За време на викендот, Трамп го повика премиерот на Индија, Наренда Моди и побара снабдување со хидроксихлороин, по што индиските власти почнаа да размислуваат за задржување на извозот.

Во понеделникот Трамп објави затскриено предупредување ако Индија не се согласи на извоз на противмаларискиот лек, за кој многумина веруваат дека е помага во лекувањето на коронавирус.

– Разговарав со Моди во неделата наутро и реков дека ќе бидеме благодарни ако ни овозможат снабдување. Ако тоа не ни го овозмжат, ќе биде во ред, Но, секако, би можело да има одмазда. Зошто да не?, изјави Трамп.

Индија го укина ограничениот извоз за 14 лекови вклучувајќи и витамини и антибиотици, за кои се појави страв од глобален недостиг.