Loading Video...
Свет
9. September 2022 - 12:33

По смртта на кралицата Елизабета нејзиниот син принцот Чарлс станува крал на Обединетото Кралство

Нов Британски Крал ќе биде Чарлс Трети. Тој денеска ќе и се обрати на нацијата по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора. Чарлс Трети по враќањето од замокот Балтимор во Шкотска, прво ќе се сретне со премиерката Лиз Трас.

Во меѓувреме во  Британија официјално започна состојба на жалост, која ќе трае до погребот на кралицата. По смртта на кралицата, Британија  ќе претрпи одредени промени. Од ново лице на банкнотите и поштенските марки,  до националната химна. Зборовите на Британската национална химна која потекнува од 18 век ќе се сменат од Боже чувај ја кралицата во Боже чувај го кралот.

Сочувството од целиот свет продолжува да стигнува до кралот и кралското семејство поради смртта на Елизабета Втора. Во Лондон илјадници луѓе се собраа пред Бакингемската палата, а веста за смртта на кралицата беше дочекана со молк додека знамето беше спуштено на половина копје.

И знамињата на Европската унија во зградата на Европската комисија и на Европскиот совет во Брисел беа спуштени на половина копје по смртта на кралицата Елизабета.

Претседателот на САД Џо Бајден ја потпиша книгата на жалост во британската амбасада во Вашингтон.

Само што застанав во британската амбасада за да се потпишам во книгата на жалост во нејзина чест. Имав можност да ја запознаам пред да почине и таа беше неверојатно љубезна и пристојна жена. Нашите мисли и молитви на американскиот народ се со луѓето во Обединетото Кралство и Комонвелтот во нивната тага, ИСТАКНА БАЈДЕН

Погребот на кралицата Елизабета Втора ќе биде извршен за десет дена, според однапред утврден протокол а државната жалост се очекува да трае 12 дена.