Живот
14. February 2020 - 10:12

По смртта на докторот во гаражата пронајдоа над 2.000 фетуси: Ужасната приказна конечно доби епилог

На гробиштата во американскиот град Индијана се погребани остатоците од над 2.000 фетуси кои минатата година се пронајдени во гаражата на еден доктор во преградието на Чикаго.

На погребот присуствувале околу 200 луѓе, а говор одржа тамошниот јавен обвинител.

Во гаражата и во автомобилот на докторот Улрих Клопфер се најдени дури 2411 фетуси. На ужасното откритие наидоа членовите на семејството по неговата смрт во септември 2019 година.

Се претпоставува дека се работи за абортуси кои Клопфер ги извршил во периодот меѓу 2000 и 2003 година, но истражителите не сакаат да откријат како дошле до тие информации, но открија дека абортусите Клопфер не ги вршел во својата куќа.

Како што објави Си Ен Ен, фетусите се најдени во мали запечатени пластични кеси со формалин.