Свет
6. February 2018 - 22:51

По силниот земјотрес во Тајван – се уриваат згради и пропаѓаат патишта

Земјотресот е почуствуван во 23:50 часот по локално време на 20 километри од источниот брег на Тајван. На социјалните мрежи се поставени фотографии од урнати згради и пропаднати патишта. Се уште нема информации за евентуални жртви.

Спасувачите се обидуваат да ги извлечат туристите заглавени во хотел во градот Хуалиен, кој делумно се урнал.

Претседателот го свика кабинетот за итно спроведување на механизмите против катастрофи.

Денешниот земјотрес се совпаѓа со две годишнината од ист ваков потрес со иста јачина од 6.4 степени, во кој загинаа 116 лица.