По протестот во Тирана, во притвор седуммина граѓани, а кривични пријави за 21 пратеник и 19 претставници на партии
По синоќешниот протест на опозицијата во Тирана, со две и пол часовно блокирање на пет главни улици во градот, и судири со полицијата, во притвор завршија седуммина учесници, додека кривични пријави поднесени се против 21 пратеник и 19 претставници на политички партии.
-Притворените се на возраст од 21 до 59- годишна возраст, а се товарат за „Попречување на нормалното одвивање на сообраќајот“ „Спротивставување на полициски службеник“ „Организирање и учество во собири и нелегални демонстрации“ „Нарушување на јавниот ред и мир“. Под истите обвиненија против 21 пратеник и 19 претставници на политички партии, се поднесени кривични пријави и ќе се бранат од слобода, стои во полициското соопштение.
Се додава дека од досегашните истраги, произлегува дека за време на протестот, со блокирање на главни улици во Тирана, пратеници или претставници на политичките субјекти Демократската партија, Републиканската партија и Партијата на слободата, повикале на блокади, иако биле предупредени дека тоа е кривично дело и насилно се однесувале кон полициските службеници.
Материјалите се доставени до Обвинителството во Тирана за понатамошна постапка.
Во меѓувреме полицијата ги отфрли обвинувањата на лидерот на демократите Сали Бериша, за прекумерна употреба на сила врз Агрон Ѓекмаркај, потпретседател на партијата, пратеник и потпретседател на албанскиот парламент, кој исто така обвини дека бил нападнат од полицијата.
Ѓекмаркај во еден момент изгуби свест на протестот, веднаш му беше дадена помош од екипа на брзата помош и пренесен со амбулантно возило во клиниката за трауматологија, каде синоќа го посети Бериша. Тој денеска ја напушти болницата.
Бериша, кој по една година учествуваше на протест, порача дека граѓанска непослушност ќе продолжи се до исполнување на нивните цели, техничка влада и слободни избори.
Ново на Сител
-
Кумановец чувал елени во штала без одобрение и дозвола - Следува кривична пријава
-
Захарова: НАТО се обидува да ја претвори Молдавија во центар за снабдување на Украина со оружје
-
Сопственикот и архитектот на хотелот во Турција кој се урна во земјотресот осудени на 18 години затвор
-
Во несреќата на азербејџанскиот авион во Казахстан загинаа 38 лица
-
Не застанал на полициско предупредување па удрил во полицаец - Уапсен 48 годишен скопјанец
-
Екипите на ДПИ на терен, се вршат контроли на цените на производите
-
Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патот Кичево - Гостивар, преку Стража
-
Спасовски: Обраќањето на Сиљановска Давкова не понуди визија за иднината на државата