-->
-->
По препораките на Владата, Вардар одлучи: „Ќе се игра со присуство на публика на мечот со Монпелје“!
-->
-Ги известуваме сите што купиле билети за натпреварот од ВЕЛУКС ЕХФ лигата на шампионите меѓу екипите на Вардар и на Монпелје, закажан за сабота (29 февруари 2020 година) во СЦ „Јане Сандански", дека мечот ЌЕ СЕ ИГРА СО ПРИСУСТВО НА ПУБЛИКА.
Одлуката е донесена пред се поради краткиот период за било каква промена, а со оглед на тоа што станува збор за меѓународна средба која е одамна закажана, а и екипата на Монпелје е веќе пристигната во Скопје.
Препорака е да не се водат мали деца на натпреварот.
Натпреварот е закажан за 17,30 часот во СЦ „Јане Сандански", а пренос ќе има и на МТВ 1.
Безбедноста на натпреварот ќе биде во координација со други наделжни ннституции.
Ова е натпревар од последното 14. коло од групната фаза на ЕХФ лигата на шампионите. Во моментов на табелата Монпелје е на 4 место со 15 бода, еден помалку од Кјелце.
Традицијата е на страна на Вардар. Во досегашните 8 натпревари, „црвено-црните" победиле на 6, еден дуел завршил нерешено а само еднаш загубивме, и тоа во полуфиналето на Ф4 во Келн во 2018 година, стои во соопштението на РК Вардар
Интегрално соопштение на РК Вардар
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто