По околу 340 деца тргнаа во прво одделение и прва година средно училиште во Кавадарци
По околу триста и четириесет ученици тргнаа во прво одделение и во прва година средно училиште во Кавадарци.
Советничката за образование Зорица Вчкова денеска информираше дека училиштата се подготвени за почетокот на новата учебна година, како и дека претходно е извршена и дезинфекција и дератизација.
На почетокот на новата учебна година, заедно со кавадаречкиот градоначалник Александар Панов, таа го посети основното општинско училиште “Тоде Хаџи Тефов”. З
Повторно, како и неколку години наназад, во ова основно училиште се запишани најмногу првачиња. Тука се гради спортска сала за неколку урбани заедници.
Панов соопшти дека се очекува за околу осум месеци комплетно да бидат завршени сите работи. Потсети дека досега се издвоени значително средства за ова и другите училишта да добијат подобри услови, а во изминатиот период имало и донации, меѓудругите и од Владата и од УНДП.
Директорот Нешковски соопшти дека годинава имаат запишано 68 првачиња. Изрази задоволство од изградбата на спортската сала, објект кој, како што рече, се чекаше долго време и кој ќе има големо значење за наставата по физичко образование.
Ново на Сител
-
Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен во полиција
-
Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип
-
Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска