По нив трага полицијата, три лица пријавени за исчезнати во еден ден
Синоќа во 19.30 часот во Полициска станица Гази Баба од страна на вработена во ЈЗУ „Ранка Милановиќ“ е пријавено дека на 6.овој месец во 11.00 часот од домот во непознат правец се оддалечил 12 годишен штитеник на домот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на детето.
Вчера исто така, но во 11.20 часот во Полициска станица Кисела Вода С.С. од Скопје пријавила дека на 02.09.2018 година во 18.00 часот од својот дом во непознат правец се одалечил нејзиниот син Х.С.(22). Се преземаат мерки за пронаоѓање на момчето
Последниот настан е пријавен во 19.00 часот во Полициска станица Штип, каде П.Д.(38) од Штип, пријавил дека на 6. овој месец околу 14.00 часот од дома во непознат правец се оддалечил неговиот дедо Ѓ.Д.(83). Се преземаат мерки за пронаоѓање и на ова лице.
Ново на Сител
-
Повторно одложено судењето за Веаповска
-
На Пониква утре заминуваат 46 од повредените во пожарот во „Пулс“ - Во тек е реконструкција на кочанската болница
-
Партиите си разменуваат обвинувања во пресрет на изборите
-
Трошоците за живот растат - Синдикалната кошница во јуни изнесува 64.698 денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Јавна седница на апелација – Нино Васев и Нехат Нухи бараат укинување на куќниот притвор
-
Штипјани со зголемена финансиска дисциплина
-
Преглед на вестите од светот