Loading Video...
Свет
8. April 2021 - 16:57

По неодреденоста на ЕМА, европските држави носат различни одлуки за употребата на Астра Зенека

Во ЕУ не е постигнат консензус за користење на британската вакцина. Шпанија и Италија  ја кренаа границата за користење на на АстраЗенека  само за за  лица над 60 години. Вакви рестрикции веќе постојат и во Германија и Франција, каде за помладите се препорачуваат вакцините на Фајзер и Џонсон и Џонсон, а Берлин најави дека ќе преговара и за набавка на Спутник.

Во  Шведска и Финска, АстраЗенека се дава на лица над  65 години, а во  Данска и Норвешка таа целосно е  стопирана. Во Хрватска и Грција  продолжува имунизацијата со британската вакцина без оглед на возраста, со образложение дека  пилулите за контрацепција се поопасни  од  британската вакцина кога се работи за појава на тромбоза. 

Во Македонија.  Во земјите на ЕУ се  регистрирани 86 случаи на тромбоза поврзани со  вакцината на АстраЗенека.  60 од нив  жени на возраст под 60 години, а 18 со  смртен исход.  Во меѓувреме и британските регулатори препорачаа алтернативни вакцини за лица помлади од 30 години. 

На вчерашната прес конференција Ема препорача секоја  земја сама да одлучи дали и како ке продолжисо употреба на вакцината АстраЗенека.  Во меѓувреме Европскиот суд за човекови права донесе пресуда дека задолжителната вакцинација е легална и потребна во демократските општества. Пресудата е донесена откако група  родители од Чешка ја тужеле држава поради задолжителната вакцинација на нивните деца.