По една година пауза, во Скопје се одржа трката на дедомразовци
По една година пауза поради Ковид кризата, на плоштадот „Македонија“ во Скопје денеска се одржа традиционалната Дедомразовска трка, во која учесници од најразлични возрасти облекоа дедомразовски костум и ја истрачаа патеката од два километра.
Миомир Алесовски победник од трката во 2019 година и овојпат прв ја истрча патеката, за него ваквите настани претставуваат убав начин да се подигне предновоодишното расположение.
-Секогаш да се истрча и да се биде на првото место е успех пред се за себе. Мојот мотив беше да ги израдувам моите најмили, најблиски. Ќерката имаше желба да се качи на подиум оваа година, па со неа ќе ја подинеме првата нарадада, истакна Алексовски.
Додаде дека во новата година посакува здравје и пандемијата да заврши што поскоро.
-Посакувам само здравје, да се пазиме и што побрзо да заврши оваа пандемиска криза. Да се надеваме на подобра следна година. Ваквите настани се доста позитивни, неколку месеци скоро исчезнаа овие настани, впрочем и сите собирања, меѓутоа секоаш за нас што трчаме со желба ги очекуваме овие настани да се натпреваруваме да го дадеме најдоброто од себе. Инаку, короната не ме отскокна ни мене, една недела пред скопски маратон, и не успеав да го трчам. За среќа помина се како што треба и ете се вративме храбри и посилни, изјави тој.
Патеката има можност да ја истрчаат и учесници со своите деца и миленици.
Пред и по трката посетителите уживаа во музичка програма, а учесниците се загреваа со фитнес инструктор.
Трката е во оранизација на здружението за спорт и рекреација Прв до врв, со поддршка на Кока-Кола и Градот Скопје.
Ново на Сител
-
СДСМ: Вистината за „Онкологија“ излезе на виделина
-
Наставник во средно училиште во Чаир нападнат од свој поранешен ученик
-
Тетовчанец, управител на приватна фирма, измамен за сума од 145.360 долари
-
Потешкотии во мобилната телефонија на А1
-
Едно лице почина откако со товарно возило излетало од патот и се забило во заштитна ограда
-
27-годишен кавадарчанец физички ја нападнал својата баба
-
Откриен идентитетот на двете жртви од вчерашната сообраќајна несреќа
-
Претрес во Битола, пронајдена марихуана