По две недели пронајдено телото на удавената Катарина
Телото на 15. годишното девојче Катарина К. која се удави во текот на тренинг, е пронајдено во Дунав во близина на Жежељевиот мост во Нови Сас.
Телото го пронашле работници кои го градат Жежељевиот мост и повикале полиција.
Безживотното тело околу 11 часот најпрви го забележале Новосаѓани кои биле на Варадинскиот мост и веднаш повикале Брза помош. Телото на давеничката потоа е извлечено од реката кај другиот мост.
Девојчето се удави на 7 мај на тренинг на веслачкиот клуб „Данубиус 1885“. Тоа утро неколку групи веслачи излегло на вода со тројца тренери, веслале на сталната рута, а инцидентот се случил кога кај усидрените баржи на романскиот брод „Меркур“, околу 3,5 километри низводно од Мостот на слободата кога таа накратко се одвоила од групата.
Катарина беше одлична ученичка во втора година од гимназија и со веслање се занимавала последните 3 години.
Ново на Сител
-
Активни шест пожари, вкупно 14 на отворен простор
-
Пронајдена е исчезнатата Билјана од Прилеп
-
Пронајден починат 55-годишен скопјанец во водите на Охридското Езеро
-
Редици пред првата „Лабубу“ продавница во Германија
-
Скопско со нова кампања: Вкусот што нѐ опушта и прави да сме свои
-
На „Табановце“ за влез и излез од државата се чека 20 минути
-
Во Газа досега загинаа 232 новинари
-
Отстранети пешкири, лежалки и чадори поставени без дозвола на плажите во Полихроно и Калитеа