Loading Video...
Кошарка
15. July 2021 - 14:19

По двата убедливи порази, два слободни дена за младите македонски кошаркари на „Челенџер“ турнирот во Скопје

Во СЦ „Кале“ во Скопје се одржува така-наречен  „Челенџер“ турнир на кој настапуваат кошаркарки до 20 години од пет репрезентации, меѓу кои разбирливо и Македонија. 
 
Наместо вообичаените летни младински европски шампионати, годинава ФИБА реши да се одржуваат „Челинџер“ турнири во сите годишни возрасти како и досега. 
 
По двата убедливи порази од Луксембург и Романија со речиси идентичен резултат, односно 24 поени негатива во дуелот  против Луксембург (79-55) и 23 поени негатива со Романките (78-55), денескка и утре нашите девојки се слободни. 
 
Двата слободни дена добро ќе им дојдат на нашите кошаркарки кои во сабота и недела од 21 часот ќе ги одиграат преостанатите два меча против врсничките од Словачка и Косово во кои треба да се обидат да го поправат впечатокот.