Џет-Сет
22. August 2018 - 12:01

По бурата за разводот, Елена Велевска ги зема децата и замина, па објави како се опушта

На фолк-пејачката Елена Велевска и требаше бегство од драмата која ја преживува откако откри дека поднела барање за развод од сопругот поради семејно насилство кое го трпела со години.

Таа е активна на социјалните мрежи и не ги остава следбениците и обожавателите во љубопитност за тоа што прави и и се случува деновиве.

За да се опушти од напорниот период, таа заедно со децата замина на море, а од плажа објави неколку фотографии на кои изгледа одлично.

Морето, сонцето, плажата и секако љубовта на најмилите е онаа која веруваме дека ќе ја нахрани со сила и позитивна енергија.

вистина.мк