По болната вистина 58 години помладата Плејбој зајачица бара развод од 84-годишниот милијардер
Поранешната плејбој зајачица Кети Шмиц сепак сфатила дека Рихард Лугнер (84) не е човекот на нејзиниот живот па поднела барање за развод кој ја шокираше цела Австрија пред две годни.
Лугнер милијардите ги заработил преку своите градежни компании, а во центарот на вниманието се нашол кога на славниот Виенски бал се појавувал со познати актерки, пејачки и старлети.
Плаќал огромни суми пари на Бриџит Нилсен, Мира Сорвино, Ким Кардашијан, Брук Шилдс, Памела Андерсон, Софија Лирен, само за да прошета со нив на црвениот тепих.
Бракот со Кети му е петти по ред, а уште не е познато што се поранешната плејбој зајачица добила од него. Медиумите во Австрија пишуваат дека таа е побогата за луксузна вила и автомобил, како и тоа дека ќе има пристоен месечен џепарлак.
И Лугнер и Шмиц се согласиле да се разведат, но милијардерот го чека многу тешка битка, бидејќи неодамна му бил дијагностициран рак на простатата.
Ново на Сител
-
Битиќи: Владејачкото мнозинство ги одби законите за намалување на ДДВ на струја и храна
-
Некои од ланците, за жал одлучуваат да водат политичка борба против политичка влада, порача премиерот
-
Таравари: Процесот на реновирање на хируршките сали и на КАРИЛ ќе се одвива координирано и пациентите нема да трпат
-
Ристовски: Во министерството донесовме одлука да го прогласиме ракометот за спорт број 1
-
Поевтинуваат бензините и дизелот
-
Мицкоски има доверба во Изет Меџити, на ДУИ им порача да достават докази
-
Мицкоски: Владата ќе ја отпочне постапката за разрешување на јавниот обвинител
-
Затворен уште еден институт со одлука на МОН, министерката Јаневска вели ќе има уште неколку