Loading Video...
Фудбал
15. October 2021 - 18:15

ПМФЛ: Скопје славеше минимално на гостувањето кај Работнички

Поради неделните локални избори, натпреварите ПМФЛ наместо вообичаено  во недела, се играат порано. 

Екипата на Скопје забележа минимална победа на гостувањљето против Работнички со 1-0 во воведниот натпревар од 10.коло на ПМФЛ. 
 
Трагичар на мечот беше домашниот фудбалер Марио Станковски кој 32.минута не успеа да реализира пенал, а во 65-минута си постигна автогол. 
 
Гостите од Автокоманда имаа шанса и за втор гол, но ударот од белата точка на Јанакиевски во 83-минута домашниот голман Мустафа го одбрани, па резултатот до крајот на мечот остана 1-0 за Скопје. 
 
Останатите пет натпревари на програмата се утре со почеток од 14 часот, а двојките се: 
СТРУГА Т.Л: - БОРЕЦ 
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ - ШКЕНДИЈА
ТИКВЕШ - ШКУПИ
РЕНОВА - ПЕЛИСТЕР
БРЕГАЛНИЦА - МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 
 
ТАБЕЛА
1 ШКУПИ  20 бодови 
2 РЕНОВА 18
3 АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 15
4 РАБОТНИЧКИ 15
5 ШКЕНДИЈА 14
6 СТРУГА Т.Л. 13
7 БРЕГАЛНИЦА 13
8 СКОПЈЕ 12
9 МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 10
10 БОРЕЦ 1919 7
11 ТИКВЕШ 6
12 ПЕЛИСТЕР 4