Пломба на угостителски објект во Гостивар, имaло гости и се забавувале со музика во живо
На вратата на угостителски објект во Гостивар ставена е „пломба“ откако било констатирано дека е пречекорено работното време, а гостите се забавувале со музика која се изведувало во живо. Сопственикот бил приведен во полициска станица и ќе заработи кривична пријава.
Според МВР, синоќа околу 20 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар, заедно сонинспектори од Пазарна инспекција во Гостивар извршиле контрола во угостителски објект кој работи во склоп на трговски центар на улицита „Илинденска“ во Гостивар.
При контролата во објектот покрај сопственикот, биле затекнати десетина гости кои се забавувале со музика што ја изведувале музичари.
Објектот бил затворен, а сопственикот Ф.Б.(45) од селото Добридол, гостиварско, бил лишен од слобода. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.
Ново на Сител
-
Над 26 милиони рецепти реализирани во 2024 – стануваме поболна нација или хипохондрици?
-
Во Македонија младите се помалку се едуцираат за семејните вредности
-
Преговори Русија-Украина, без Путин и Зеленски
-
80 годишнина од кодификацијата на македонскиот јазик
-
Македонија останува атрактивна за странците
-
Вработен сум додека студирам - дали ги губам студентските права?
-
Преглед на вестите од светот
-
Протест на Кулакови против пресудата за Васил