Спорт плус
17. May 2016 - 14:55

Пливачот Блажевски со Б норма за ЛОИ на 200 метри мешано

Македонски пливач Марко Блажевски оствари уште една Б норма за Олимписките игри во Рио де Жанеиро.
 
Тој денеска на вториот ден од натпреварите на Европското првенство во Лондон во дисциплината 200 метри мешано исплива со време 2:03.66 минути и го освои 32.место во конкуренција на 44 пливачи. Воедно ова беше за една стотинка послаб резултат од неговото најдобро време. Б нормата во оваа дисциплина изнесува 2:04.39 минути.
 
Вториот Македонец кој денеска настапи на ЕП, Андреј Стојаноски, во трката на 1.500 метри слободно настапи во првата квалификациска група и постигна време 17:24.96, најслабо од сите 35 натпреварувачи кои се појавија во оваа дисциплина.