Плинска боца експлодирала додека неготинец печел ракија
На неготинец му експлодирала плинска боца додека печел ракија. За среќа, повредени нема.
Информацијата за МИА ја потврди командирот на Територијалната противпожарна единица од Неготино, Иле Илиев.
Тој посочи дека во тренд е да се употребуваат плински боци како извор на енергија при печење ракија и ги повика граѓаните да внимаваат при нивното користење.
- Бидејќи е период кога масовно се пече ракија, апелираме до тиквешани да внимаваат и да нема отпаден материјал крај огништето за да се спречат евентуални пожари, изјави Илиев.
За деветте месеци од годинава, пожарникарите од Неготино имале вкупно 65 интервенции. Од нив, 27 биле на отворено и 20 во затворен простор. Се интервенирало и на пожари на 11 возила, а се гаснеле и четири контејнери. Пожарникарите извлекле и давеник од реката Вардар и интервенирале во случај со починато лице во шума
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг