Пленковиќ: Побарав од Мицотакис итна депортација на невините
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека ќе им пружи максимална поддршка на хрватските граѓани во Грција, кои беа уапсени поради навивачки судири и информираше дека побарал од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис што поскоро да ги депортира невините во Хрватска, бидејќи, според него, не е можно сите стотина уапсени да се подеднакво одговорни за настаните во Атина.
Пленковиќ на почетокот на седницата на хрватската Влада се осврна на нередите во Атина, при што беше убиен еден грчки државјанин, а околу стотина хрватски државјани беа уапсени и затворени и посочи дека најостро го осудува хулиганство, пренесува ХРТ.
– Ваквото однесување претставува негација на спортот, го нарушува хрватскиот фудбал и угледот на Хрватска, особено кога ќе видиме дека според резултатите Хрватска е фудбалска велесила. Како општество мораме да го осудиме дивјаштвото, насилството и хулиганството, истакна Пленковиќ и додаде дека дава максимална помош за хрватските граѓани.
Тој повтори дека хрватската полиција ја информирала грчката полиција и другите земји за потенцијалното пристигнување на навивачите.
„Нашата дипломатија, МВЕП (Министерството за надворешни и европски работи) и другите се целосно ангажирани. Во постојана комуникација сме на премиерско и министерско ниво. Ќе се стремиме максимално да ја исполниме нашата уставна обврска, а тоа е заштита на хрватските државјани и обезбедувањето конзуларна и правна помош“, истакна Пленковиќ.
Пленковиќ во разговорот со Мицотакис посочил дека најостро го осудува насилството.
„Без да ја прејудицирам вината, изразив сочувство за смртта на навивачот на АЕК. Побарав од премиерот да ја осигура безбедноста на нашите граѓани во затворските институции. Второ, процесот да биде фер, брз и ефикасен. Со оглед на тоа што не е реално сите 100 осомничени подеднакво одговорни за немири, предизвикување повреди и уништување, оние за кои ќе се утврди дека не се, што поскоро да бидат депортирани во Хрватска“, нагласи Пленковиќ.
Нашите служби ќе комуницираат со грчките власти и ќе дадат дополнителна поддршка, било за медицинска помош или за некои други потреби, изјави хрватскиот премиер, потсетувајќи дека станува збор за правна постапка што ја спроведуваат грчкото обвинителство и судовите.
– Ние сме во постојан контакт со родителите, јавноста знае и дека повеќето од приведените се многу млади, додаде тој.
Ново на Сител
-
Зеленски соопшти дека седум луѓе, меѓу кои и едно дете, загинале во руски напад во североисточна Украина
-
Во Грузија судири меѓу демонстрантите и полицијата, уапсени најмалку десет лица
-
Како ракети со долг дострел што ја гаѓаат Русија можат да влијаат на војната во Украина
-
Во Берово најстудено, -6 степени
-
Почнува амандманска расправа за Предлог - буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет
-
Муцунски и Борел ќе потпишат Договор за безбедносно и одбранбено партнерство
-
Промоција на видео „Да го прекинеме кругот на врсничкото насилство!”
-
Трамп го номинираше Шон Дафи за министер за транспорт