Пленковиќ по апсењето на Берош: Ова е чин на предавство
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ свика прес-конференција по повод апсењето и разрешувањето на министерот за здравство Вили Берош.
-Како претседател на Владата, лично сум згрозен од идејата дека некој во здравствениот систем би ја користел својата положба за лично збогатување или за да му удоволува на некој друг. Станува збор за незаконско дејствување на министерот и некои други службеници во здравството. Тоа е особено чувствителен ресор и тема. Министерот Берош доби доверба од мене и од граѓаните да се грижи за здравството и да управува со ресурсите на законит начин, за да им се обезбедат најдобрите услуги на сите пациенти, додаде шефот на хрватската Влада.
Пленковиќ изјави дека ова може да се смета за чин на предавство.
-Ниту тој, ниту кој било друг, не доби мандат за злоупотреба на системот и извршување кривични дела. Иако ова е непријатен момент за Владата, целосно ја поддржуваме истрагата. За корупцијата нема место, без разлика за кого станува збор. Ако се докаже дека обвинувањата се точни, ова го доживувам како чин на предавство на личната доверба што ја имав во него овие пет години, откако му ја укажав честа да биде министер. Се надевам дека овој случај ќе послужи за дополнителен ангажман во борбата против корупцијата, рече Пленковиќ.
„Граѓаните знаат дека ние како Влада нема да заштитиме никого од кривично гонење, без разлика за кого станува збор“, додаде Пленковиќ.
Тој исто така изјави и дека на коалициониот состанок било констатирано дека Владата ужива поддршка за работа на теми многу поважни за граѓаните и економијата на државата.
Пленковиќ рече и дека нема сознанија за евентуална штета предизвикана од коруптивните активности за кои се обвинети Берош и други.
Пленковиќ уште еднаш даде целосна поддршка на ДОРХ и другите надлежни органи, оценувајќи ја општата моментална состојба како многу лоша. Хрватските медиуми пишуваат дека првоосомничен е контроверзниот претприемач Хрвоје Петрач. Но, тој не е уапсен и моментално не е во Хрватска.
„Јутарњи лист“ наведува и дека Берош е обвинет за земање поткуп од 25.000 евра за набавка на спорни апарати за вкупно 75.000 евра.
Ново на Сител
-
Тема на денот со поранешните конгресмени Дејвид Хагс и Бил Флорес
-
Тошковски: 15 службеници издавале дозволи за оружје незаконито, опозицијата го обвинува дека отпушта професионалци
-
Кумашини на Ѓорчевски први ги поврзале исчезнувањата на Вања и Панче
-
Директорот на Детска обвини поединци со лажни ФБ профили за хајка против него и клиниката
-
Втор ден комисиска расправа за буџетот - За власта развоен, за опозицијата погубен
-
Заврши рокот за докомплетирање на документации: Локална самоуправа ќе открие која Општина за што добила пари
-
Претходното раководство на Пошта од централниот објект сакало да направи кабаре
-
Протести во Ореовец