Пленковиќ и се извини на Украина поради изјавата на Милановиќ
Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ и се извини на Украина за изјавата на претседателот Зоран Милановиќ дека е една од најкорумпираните земји и ги отфрли неговите изјави дека ќе ги повлече хрватските војници од Украина затоа што во земјата не ни има хрватски трупи.
– Колку што знам, нема хрватски војници во Украина, изјави Пленковиќ, додавајќи дека контингентот на хрватската војска што се наоѓа во Полска штотуку се вратил.
– Изјавите на Милановиќ се нереални. Неговата изјава за Украина како корумпирана земја е навредлива. На овој начин им се извинувам на Украинците, во име на хрватската Влада и се извинувам на Украина, една од првите земји што ја призна државата Хрватска и која во моментов има окупирани делови, како што имаше Хрватска, нагласи Пленковиќ.
Изјавата на Милановиќ дека Украина не добила ништо од ЕУ беше демантирана со податокот дека Европската унија досега дала 17 милијарди евра грантови и заеми и најави нова помош.
– Прво мислев дека тоа е некој руски службеник кој зборува, им рече Пленковиќ на новинарите.
– Колку што можев да видам, се разбира не го гледав како што вообичаено не гледам што зборува тој, но видов некакво резиме, во тој некаков напад на шеќер, му дале бомбони таму, рече Пленковиќ.
На новинарско прашање дали хрватските војници, членки на НАТО, ќе учествуваат во операција доколку дојде до конфликт, тој одговори со прашање: „Од каде се сите овие тези“.
– Политиката на Хрватска е „деескалација на тензиите, спречување на можен конфликт, поддршка на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, рече тој.
Дека хрватската армија нема војници во Украина потврди и хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ.
Ново на Сител
-
Дали и каде има пропусти при третманот на бебето од Струмица кое почина на детска?
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер
-
Седница на централниот одбор на СДСМ
-
Изборна ноќ во САД - Тесна трка меѓу Харис и Трамп
-
Како претседателските избори во САД ќе влијаат врз стабилноста на НАТО и Македонија?
-
Агелер: Јас гласав тоа е должност и привилегија
-
За изборната кампања и ефектот врз резултатите со комуникологот Бојан Кордалов
-
Опозицијата станува резервирана за изборите што ги понуди Мицкоски