Плејбој запира со печатење на списанието поради коронавирусот
Плејбој, едно од најпознатите списанија во светот, нема да излегува во печатена верзија. Пролетното издание, што во трафиките ќе излезе за една недела, ќе биде последното во 2020 година, можеби и последно печатено издание воопшто.
Извршниот директор на Плејбој, Бен Кон истакна дека одлуката не е донесена ненадејно, туку дека раководството веќе подолго време планира списнието да го направи дигитално, а ширењето на коронавирусот само го забрзал процесот.
– Со брзото ширење на пандемијата се нарушува производството и на сите ни стана јасно дека сега е вистинското време Плејбој да се префрли од печатено во дигитално издание. Желбата е Плејбој да ги задоволува потребите на читателите секој ден, не само на секои три месеци. Медиумите постојано се менуваат, а печатеното издание доаѓа во рацете на само мал дел од фановите, рече Кон.
Тој додаде дека во 2021 година ќе продолжи печатењето на специјални изданија затоа што Плејбој започна како печатено издание и тоа е дел од неговата историја.
Во 2016 година, списанието престана да објавува фотографии од целосно разголени жени затоа што интернетската порнографија направи овој вид фотографија да изгледа старомодно и здодевно.
Ново на Сител
-
Април годинава потопол од просечните многугодишни вредности
-
Вембањама прогласен за дебитант на годината во НБА
-
Вечерва ќе се одржи првото полуфинале на Евровизија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата нема да работи
-
Приведени малолетници, со закана со нож одзеле пари од други малолетници
-
Тројца повредени во тешката сообраќајка во скопско Влае
-
Лани над еден милион туристи од Македонија ја посетиле Грција
-
Во Охрид денеска ќе гласаат 239, а во Дебрца 34 стари и изнемоштени лица