„Плејбој“ го добил името според пропадната автомобилска компанија
Хју Хефнер можеби и не бил еден од поистакнатите автомобилски ентузијасти, но секогаш ги имал најдобрите автомобили. Куриозитетот за неговото списание, кој што малкумина фанови го знаат, е тоа дека името го добило според една автомобилска компанија, која не успеала да заживее.
„Плејбој Оутомобил Компани“ (Playboy Automobile Company) е основана во 1947 година во Бафало, Њујорк. Сепак, нејзиниот „животен век“ траел само четири години, и за периодот 1947 - 1951 тие произвеле само 97 автомобили.
Две години по колапсот на фирмата, во 1953 година Хефнер го основа списанието „Плејбој”.
Првата „Зајачица на годината” во 1953 година беше Лиса Винтерс. Од 1964 година, таа титула почна да носи автомобил како награда за среќната добитничка. Дона Мишел е првата „Мис зајачица”, која во 1964 година доби розов кабриолет Форд Мустанг.
Ново на Сител
-
Европските лидери го осудија убиството пред Еврејскиот музеј во Вашингтон
-
2023 сообраќајни прекршоци изминатите три дена, 362 за брзо возење
-
Во Велес синоќа се запали куќа од удар на гром, повредени нема
-
Манчестер јунајтед претрпе 20 порази во една сезона за прв пат по 50 години
-
Вардар го освои Купот на Македонија
-
Каја Калас: Враќање на Западниот Балкан
-
Може ли финско-руската граница да биде следната зона на конфликт по војната во Украина?
-
Опожарено „БМВ“ во движење во близина на граничниот премин Табановце