Македонија
28. May 2022 - 16:30

Плажите во Струга ќе имаат урбана опрема и оваа сезона

Плажите долж струшкото крајбрежје и ова лето ќе бидат уредени.

Угостителите и закупците кои ќе работат со постојните договори со општината забрзано ги прават последните подготовки за летната сезона. Дополнително со европски пари ќе се уредува туристичката населба Езерски лозја.

Градоначалникот Мерко останува на ставот дека согласно препораките брегот на Охридското Езеро треба да биде уреден, а не запуштен и преполн со отпад се со цел привлекување на што поголем број туристи.

Министерот за транспорт и врски Бочварски ја повика Струга да побара финансиска поддршка за спроведување на препораките на Унеско и отстранување на нелегалните градби.

И додека во Охрид изминатиов период се рушеа најатрактивните плажи долж езерото согласно препораките на Унеско и истите и ова лето нема да бидат уредени, струшкиот градоначалник Мерко смета дека заштитните мерки се пренагласени и на тој начин се кочи развојот на туризмот.