Македонија
16. September 2020 - 12:37

Планинската спасувачка служба со полни раце работа и покрај пандемијата

Пандемијата на коронавирусот наместо да ги намали, ги зголеми интервенциите на несреќи на планина. Маж изгубен на планина дезориентиран и дехидриран на планина спаси планинарската спасителна служба. Лицето располагало со  околу 5% капацитет на батеријата од мобилниот телефон, што придонесло за усложнување на ситуацијата, но преку преку системот за лоцирање го пронашле и евакуирале.

Спасителите апелираат до сите љубители на природата и планините, да ги почитуваат основните правила за движење на планински терен, да се движат во групи од најмалку две лица, да поседуваат соодветна опрема за планираната тура, како и доволно количество храна и течности.

Инаку од почетотокот на годинава планинарската спасителна служба имала 8 успешни интервенции, додека изминататa година 11 спасителни акции.