Планинарски марш „По патеките на Мис Стон“
Традиционалниот планинарски марш „По патеките на Мис Стон“ што го организира ПАЕК „Маратон“ од Струмица денеска по шести пат се одржа под покровителство на општина Василево.
Стотина планинари и ентузијасти утрово во 7:45 минути тргнаа кон село Нивичино од браната Турија преку Јурукова колиба, Павлова ливада до Железен дол.
- Патеката е средно тешка и е погодна за планинари на возраст од 7 до 77 години. По пристигањето во Нивичино за сите учесници имаме обезбеден заеднички ручек. Оваа тура ја организиравме како потсетник на овој историски настан, кога во 1902 година американската мисионерка се движела кон своето ослободување. Тоа е патеката од село Нивичино, каде што била чувана како заробеник до селото Градашорци каде што Мис Стон била ослободена со разменување, изјави Ѓорги Крмзов, претседател на ПАЕК „Маратон“.
Должината на целата патека изнесува 12 километри.
Ново на Сител
-
Кривична за автомеханичар од Охрид: Вадел исправни делови од автомобили и ги продавал
-
Австрискиот европратеник Томас Вајц нов известувач на ЕП за Северна Македонија
-
Главниот државен обвинител на Украина поднесе оставка по голем скандал во армијата
-
Најмалку 31 загинат при напад на суданската армија врз џамија
-
По апсењето на Мета, средба на Ненси Ван Хорн и министерот Хоџа
-
Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен в четврток во Скопје
-
Битолчанец пронашол 10 рачни бомби при чистење на стан
-
Турски државјанин пронајден мртов во Скопје