Планинарите од Куманово организираа крводарителска акција
Трите планинарски друштва од Куманово во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и општинската организација на Црвениот крст денеска организираа крводарителска акција на која до пладневните часови беа дарувани над 30-тина крвни единици.
Ова е прва крводарителска акција која ја организираат кумановските планинари. Бобан Стефановски, еден од организаторите најави дека акцијата ќе стане традиционална и додаде оти се задоволни од одѕивот на планинарите, но и граѓаните кои даруваа крв.
- Акцијата ја планиравме подолго време и сметаме дека е успешна, изјави Стефановски.
Меѓу редовните крводарители, кои секогаш се одѕиваат на повиците за дарување крв е и Емил Донев кој денеска даруваше крв по 103-ти пат. Тој апелираше до граѓаните да даруваат крв секогаш кога се во можност. Оливер Трендевски денеска даруваше крв по 49 -ти пат.
Доктор Елена Ристовска од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје ја оцени акцијата како успешна. Таа објаснува дека Институтот има целосен увид во состојбата со крвни единици на територијата на целата држава.
- Секогаш обезбедуваме доволни количини крв од сите крвни групи на тој начин што организираме редовни крводарителски акции, особено во летниот период за да се обезбедат доволни количини крв, особено кога граѓаните се на одмор, изјави Ристовска.
Таа додаде дека редовните крводарители се јавуваат на акциите кои се организираат и апелираше до граѓаните да се вклучуваат во акциите кои се организираат низ градовите од државата. Двајца крводарители со крвна група АБ позитив денеска беа испратени во Скопје да даруваат крв поради потреба од таа крвна група.
Ново на Сител
-
Меркел ја повика Европа да се обедини пред политичките предизвици
-
Во Собранието ќе заседава Комисијата за надзор над работата на АНБ и на АР
-
Блумберг: САД на состанокот во Саудиска Арабија ќе ја притиснат Украина за примирје
-
Kомеморација по повод 82 години од холокаустот на македонските Евреи
-
Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Азербејџан
-
Пред пратениците петте интерпелации на членовите на Судскиот совет
-
ЕУ организира комеморација за жртвите на тероризмот
-
Србија: Студенти ги блокираа влезовите на РТС и РТВ, полицијата е распоредена во двете згради