Плакети за тројца крводарители од Делчево
За педесет пати дарувана крв, крводарителите од Делчево Ванчо Вангеловски, Сашко Стојковски и Марјан Борковиќ ќе добијат плакети по повод одбележувањето на Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина-17 Март.
Невенка Христова, секретар на Општинската организација на Црвениот крст од Делчево информираше дека Вангеловски, Стојковски и Борковиќ се крводарителите кои 50 пати дарувале крв, заклучно со 2015 година.
- Крводарителските акции се една од низата активности кои ги организира Црвениот крст, а крводарувањето е најхуманата акција која спасува животи и кај нас крводарителите уживаат посебен пиетет, истакна Христова.
Таа информира дека централната прослава за 17 Март е во Скопје и додаде оти и тие подоготвуваат повеќе активности со кои ќе го одбележат празникот.
- Освен годишното Собрание, ќе организираме и свечено доделување на плакетите за редовните крводарители кои во 2015 година дарувале крв по јубилеен пат и спасиле човечки живот. Од нашите крводарители ние сме многу задоволни, рече Христова, која е задоволна од бројот на крводарители на ниво на Делчево и Македонска Каменица.
Таа истакна дека во последната акцијана доброволно дарување крв, имало многу нови крвдарители.
- Нашата цел не е да правиме рекордери од крводарителите, туку да има масовност во крводарувањето. На претходната акција имаше нов бран на крводарители, а оваа година прв пат даруваа крв и пет жени, како и тројца припадници од ромска националност, рече Христова.
Крвдаритеските акции во Делчево и Македонска Каменица се во организација на Општинската организација на Црвениот крст, Службата за трансфузиона медицина при Здравствениот дом во Делчево и Регионалниот центар за трансфузиона медицина во Штип.
Вилета Ѓорѓевска, доктор и специјалист по трансфузиона медицина истакна дека во овој регион крводарителството има голема традиција.
- Крводарителството има традиција. Работиме со редовни крводарители чии деца веќе ги следат стапките на нивните родители за дарување крв, па и тие се јавуваат на акциите. Мора да потенцирам дека ние обрнуваме посебно внимание и посебно ги цениме крводарителите. Работиме со најразлична возрасна структура на крводарители, имаме редовни жени крводарители, но и припадници од ромската популација, рече Ѓорѓевска.
Годишно во Делчево и Македонска Каменица се организираат 30 крводарителни акции. Акции за крводарување се организираат и во средношколскиот училишен центар во Делчево, како и акции организирани за припадниците на МВР и Граничната полиција.
Според годишниот план на Општинската организација на Црвениот крст во Делчево за 2016 година планирано е да се соберат 730 крвни единици. Во првите три месеци од годинава во Делчево и Македонска Каменица се организирани по три крводарителски акции при што се собрани 240 крвни единици, или 165 крвни единици во Делчево, додека 75 во Македонска Каменица, што значи 33 отсто остварување на годишниот план за крводарување. Делчевската организација според реализацијата на планот и собраните крвни единици е меѓу првите 10 во државава.
Ново на Сител
-
Трет обид за ликвидација на Раде Трајковски Штекли - Фрлена бомба во двор на неговата куќа
-
Собранието ја стартува расправата за буџетот, поднесени над 300 амандмани
-
Таравари до Ахмети: Наместо избори, работете на реформи во партијата и адаптација во опозицијата
-
Утре стартува јавната дебата за реформи во судството
-
Само 12% од компаниите имаат вработени ит експерти, Македонија зад европскиот просек
-
Социјално ранливите се борат со глад
-
Преглед на вестите од светот
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе