Пладневни книжевни средби во „Матица“
„Матица македонска“ и оваа седмица го продолжува со пладневни книжевни средби одбележувањето на 25-годишниот јубилеј. Од 13 часот денеска во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ издавачката куќа организира средба со Јован Јоновски за неговата книга „Симболите на Македонија“.
Во наредните четири дена во истиот термин и локација ќе се одржуваат средби со авторите: Ристе Стефановски за „Мојот театар моите вистини“; Витомир Митевски за „Апстрактна терминологија“; Братислав Ташковски за „Див ангел“ и со Томислав Тодоровски за „Македонската книжевност во 19 и 20 век“.
- Љубителите на македонската книга низ разговор со познатите научници, публицисти и писатели ќе имаат можност изворно да се запознаат со нивните новообјавени дела, воедно и да добијат авторска посвета, соопшти „Матица“.
Ново на Сител
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски