Свет
5. May 2017 - 14:50

Пјонгјанг: ЦИА и Јужна Кореја сакаат да го убијат Ким Џонг-ун

Северна Кореја ја обвини американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) дека „подготвувале заговор“ со Јужна Кореја да го убијат севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

- ЦИА и разузнавачките служби на Јужна Кореја подготвувале злобен заговор сo неодредени биохемиски супстанции да го убијат Ким Џонг-ун за време на официјална церемонија во Пјонгјанг, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.