Живот
26. August 2022 - 11:56

Питон на куќен покрив предизвика хаос во Саутемптон

Семејство од Велика Британија имало непоканет гостин во својот дом – бурмански питон долг речиси шест метри кој се симнал од покривот и преку прозорецот влегол внатре во куќата.

Соседите во предградието на Саутемптон првично беспомошно гледале како змијата се пробива по покривот пред „да се лизне“ низ прозорецот… Сосетка, по име Џени вели дека првпат го видела питонот околу 5:30 часот наутро.

– Видов нешто на покривот и помислив дека тоа мора да е пластична цевка, но потоа неговата глава почна да се движи. Му го кажав тоа на мојот сопруг Стивен, а тој ми рече „не биди смешна“. Имаме куче Родни, па и тој лаеше и лудуваше… Сфативме дека тоа дефинитивно е змија и дека се движи по покривот обидувајќи се да најде влез внатре, се присетува таа.

За среќа, расплетот говори дека змијата е питома и била чувана од сосед од околијата, но избегала од својот терариум.

Во овој настан, за среќа, никој не е повреден. Влекачот е безбедно вратен во својот дом.