Македонија
11. October 2015 - 12:02

Писмо со сочувство од Ахмети до турискиот претседател

Претседателот на ДУИ Али Ахмети испрати писмо со сочувство до претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган, по повод терористичкиот напад во Анкара.

- Сите ние при Демократската унија за интеграција им се приклучваме на напорите за спротивставување на тероризмот и изразуваме целосна солидарност кон турскиот народ споделувајќи ја болката со вас во овие тешки моменти за вашата земја, стои во писмото.

Во него се додава дека жртвите и повредените од овој страшен напад се молитвите на сите наши граѓани.- Убеден сум, се додава, дека семејствата на жртвите и повредените, но и Турција ќе ја надмине оваa трагедија со безрезервната поддршката на сите пријатели на демократска Турција.