-->
-->
Писмо напишано од 16-годишно момче го потресе регионот - "Татко е пијаница, не тепа со цигли и камења, помогнете"
-->

Ова писмо од Србија напишано од 16-годишно момче го здрма целиот регион. Детето вели дека со неговата сестра ќе биде убиен од татка си, па бара засолниште.
- Живеам со татко ми и сестра ми постара од мене три години, од 2002 до сега. Мајка ни не напушти. Татко ми е тешка пијаница и насилен е, јас и мојата сестра веќе не можеме да го издржиме ова. Од минатата година живеам кај баба, но тој дојде и тука, па сега и неа ја малтретира. Со вила, камења и цигли, што му дојде пти рака со тоа не тепа, вели момчето во писмото.
Потоа, тоа продолжува дека ако постојат добри луѓе кои ќе го прочитаат ова, бара од нив засолниште, само да не се на улица и да се сигурни дека татко им нема да дојде по нив.
- Го пишувам ова зошто знам дека има луѓе со добра душа, пишува момчето.
Оваа приказна ја здрма како Србија, така и регионот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Жените од руралните средини како хероини
-
Осми март го наполни Охрид со гости
-
Преглед на вестите од светот
-
Невработеноста во Македонија на најниско ниво досега
-
Тема на денот со Леа Липша, директорка на фондацијата „Телеком за Македонија“
-
За реализација на едносменска настава ќе се прераспределуваат наставници од една во друга општина
-
Реновирани Интензивна и целиот прв кат на Инфективна
-
Коцевски: Во предлогот за разрешување нема основ за утрврдување тешка дисциплинска повреда