-->
-->
Пироман запали палма во Прилеп, штета од 500 евра
-->
По неодамна запалената палма во Велес, пламна уште една, овој пат во Прилеп, засадена пред општинската зграда во овој град.
На фотографијата која се појави на социјалните мрежи, се гледа како гори една од палмите кои беа засадени во паркот „Методија Андонов – Ченто“, во време кога го Прилеп се одржува традиционалниот Пиво Фест.
Палмата најверојатно била запалена за време на полноќните забави, кои се одвиваат на бината на плоштадот „Александрија“, што се наоѓа во непосредна близина на Општината.
Засега не е пронајден сторителот на овој вандалски чин.
Пред две недели полицијата го откри момчето во Велес кое од љупопитство со запалка запали една од палмите во градот, причинувајќи материјална штета од 500 евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Веста дека починал Илија Темелковски не е точна
-
Кривична за поранешниот директор на охридската Општа болница
-
На Санторини прогласена вонредна состојба
-
Неколку лица ограбиле, па запалиле деловен објект во Бутел
-
25-годишен маж по расправија со својот брат, си ја запалил куќата
-
Триесетдневен притвор за поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчевски
-
МВР: Извршени претреси на 16 локации во Одделот за општи и заеднички работи
-
ZANO донира инхалатори за пациенти со муковицидоза