Пинк е позитивна на коронавирусот, повикува на помасовно тестирање
Познатата американска пејачка Пинк објави денеска дека е позитивна на коронавирусот, како и дека ќе донира по 500.000 долари за две служби за итна помош.
Таа на Твитер напиша дека заедно со нејзиниот тригодишен син почувствувале симптоми пред две недели, по што била тестирана.
Пинк додаде дека членовите на нејзиното семејство се веќе во домашна изолација и се негативни на Ковид-19.
Добитничката на наградата Греми се залага за слободно и масовно тестирање.
– Неуспех е на властите што тестовите не се достапни. Оваа болест е сериозна и реална. Луѓето мораат да знаат дека ги напаѓа и младите и возрасните, и здравите и болните, и богатите и сиромашните. Затоа тестовите мораат да бидат широко достапни, за да ги заштитиме нашите деца, семејства, пријатели и општеството, истакна Пинк.
Ново на Сител
-
Животот како пред еден век
-
Мирен изборен ден
-
Ковачевски на митинг испрати пораки до Ахмети
-
27 Април да не се повтори
-
ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти
-
Претседателски избори
-
Министерот Тошковски пречекан со „ Бисер Балкански“ од новите полициски службеници
-
Хоспитализирани четири деца со голема кашлица - на „Школка“ одбележана европска недела на имунизација