Живот
13. January 2016 - 17:58

Пингвин доби име Боуви

Минијатурниот пингвин роден на 8 јануари во зоолошката градина во Синсинати го доби името Боуви, по легендарниот уметник кој почина во понеделникот.

- Боуви е првото бебе кое дојде на свет оваа година во зоолошката градина во Синсинати, објави управата на Инстаграм со фотографија од преслатката птицa.

Пингвинчето дошло на свет на 8 јануари, на 69-от роденден на Дејвид Боуви, именувано е по него на истиот ден.

Бидејќи, за жал,  познатиот пејач почина три дена подоцна, „се доби уште поголема смисла", велат од Зоолошката градина.

Минијатурните пингвини живеат на бреговите на Австралија и Нов Зеланд и се најмалите видови пингвини. 

Кога ќе созреат, достигнуваат висина од 30 сантиметри.

Боуви, кој е стар само неколку дена, во моментот на неговите негуватели им легнува на дланката.