-->
-->
Пингпонгарите на Вардар најдобри во регуларниот дел
-->
Со натпреварите од четиринаесетото коло во двете најсилни лиги од првенството во пинг понг, заврши регуларниот дел од првенството. Минатогодишниот шампион Вардар ја оправда фаворитската улога и го освои првото место на табелата обезбедувајќи си ја најповолната позиција за Плеј оф натпреварите, каде што уествуваат првите четири екипи. Вардар во директен дуел со Младост во последното коло остана на првото место на табелата.
Покрај Вардар учество во плеј офот обезбедија екипите на Младост, Телеком НЕЦ и Младост 96. Полуфиналните двојки во плеј офот ги сочинуваат: Вардар - Младост 96 и Младост - Телеком НЕЦ
Вардар во натпреварот со Младост 96 ќе има предност од 1:0 поради двете победи во регуларниот дел од сезоната. Победник е екипата која прва ќе стигне до две победи. На Вардар потребна му е една победа за учество во финалето на плеј офот. Телеком НЕЦ и Младост тргнуваат од нула, двете екипи една против друга забележаа по една победа во регуларниот дел од сезоната.
Лигата ја напушта екипата на Мултитекс, додека екипата на УГД преку бараж натпревар со второпласираната екипа од првата лига ќе се обиде и за следната сезона да го обезбеди суперлигашкиот статус.
Резултати Супер Лига 14 коло
Телеком НЕЦ - Шампион ФА 4:3
Мултитекс - Работнички 0:4 (службено)
Вардар - Младост 4:2
Младост 96 - УГД 4:0
Мултитекс - Работнички 0:4 (службено)
Вардар - Младост 4:2
Младост 96 - УГД 4:0
Конечна табела Супер лига
- Вардар 27
- Младост 25
- Телеком НЕЦ 24
- Младост 96 24
- Шампион ФА 19
- Работнички 19
- УГД 16
- Мултитекс (-1) 13
Во првата лига како што беше познато Радовиш е новиот член на Супер лигата. Својата супериорност во лигата ја потвди и во послениот натпревар во лигата совладувајќи ја екипата на Кочани.
Кочани преку баражот со претпоследната екипа од Супер лигата, екипата на УГД ќе се обиде да избори пласман во елитата за следната сезона. Лигата ја напушта екипата на Пелистер. Пелистер во директен дуел со Студент не успеа да се избори за бараж натпревар за останување во Првата лига. Студент преку баражот ќе ја бара шансата за следната сезона да биде дел од првата лига.
Резултати Прва лига 14 коло
Студент - Пелистер 4:1
Пошта 2 - Дебар Маало 4:3
Радовиш - Кочани 4:2
Струга - Борец ТИМ 1:4
заостанат натпревар:
Струга - Дебар Маало 3:4
Пошта 2 - Дебар Маало 4:3
Радовиш - Кочани 4:2
Струга - Борец ТИМ 1:4
заостанат натпревар:
Струга - Дебар Маало 3:4
Табела Прва лига
- Радовиш 28
- Кочани 23
- Пошта 2 22
- Дебар Маало 21
- Струга 19
- Борец ТИМ 18
- Студент(-1) 17
- Пелистер 16
Екипите на Кочани и Струга имаат натпревар помалку.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Возел со 2,61 промили алкохол во крвта - приведен возач од струшко
-
Ученик во основно училиште спроведен во полиција во Белград откако донел список за отстрел и нож
-
Албанските иселеници, во својата земја, во првиот квартал годинава, испратиле 251 милион евра
-
Словачка се заканува со вето на новите санкции против Русија
-
Пронајдени артилериска граната од 75 mm и рачна бомба од Првата светска војна | ФОТО
-
Туск бара доверба од Парламентот по поразот на неговата партија на претседателските избори
-
Тим на лекари ќе се грижат за повредените пациенти во центарот за рехабилитација Пониква
-
Полициски час во делови на Лос Анџелес: Градот прогласи вонредна состојба