Пилотите на паднатиот авион на „Етиопијан ерлајнс“ ја почитувале процедурата за итни случаи
Пилотите на авионот „Боинг 737 МАКС“, што се урна минатиот месец по полетувањето од Адис Абеба, се придржувале на упатството на „Боинг“ за постапување во итни случаи, но сепак не успеале да ја повратат контролата над леталото, објави „Волстрит Џурнал”.
Весникот наведува дека пилотите на „Етиопијан ерлајнс“ се обиделе повторно да ја преземат контролата над леталото со исклучување на автоматскиот систем за летање наречен МКАС, кој го „туркал носот“ на авионот надолу.
Пилотите се обиделе и со рачна команда да го стабилизираат авионот, за на крајот повторно да се вратат на електронската команада.
По повторното вклучување на МКАС, авионот повторно го „туркал носот“ кон тлото.
„Боинг“ не ги коментираше написите на „Волтсрит Џурнал“ во согласност со меѓународните правила да не коментира истрага која се уште не е завршена.
При падот на авионот во Етиопија загинаа сите 157 патници и членови на екипажот.
„Боинг“ упатствата за исклучување на МКАС ги објави по уривањето на сличен авион во Индонезија пред пет месеци.
Ново на Сител
-
Прва средба на новиот тим македонски историчари во заедничката комисија со тимот од Бугарија
-
Состојба на патиштата
-
Наутро студено со магла во некои котлини, во текот на денот сончево со мала облачност
-
Костадинов: Тврдам дека водата во Струмица е исправна
-
Новиот тим македонски историчари утре на прва средба со тимот од Бугарија
-
Пронајдено безживотното телото на стружанецот по кој се трагаше два дена
-
Терористички напад во Турција: Четворица загинати и 14 повредени
-
В.д. директор на ЗОО-Скопје: АХВ упадна без налог и известување