Пикок: Британскиот вид ќе биде доминантен во светот, вакцините се ефикасни
Британската експертка Шерон Пикок смета дека новиот вид на коронавирусот кој е првпат откриен во Кент, ќе стане доминантен вид на вирусот во светот и засега сите вакцини регистрирани во земјата покажале ефикасност против истиот.
Професорката Пикок потврди за Би Би Си дека новиот вид кој ја зафатил Велика Британија ќе се прошири во цел свет, а досега е потврден во над 50 земји.
Таа смета дека најголем проблем со оваа мутација е нејзиното брзо ширење.
Пикок додаде дека вакцините кои се одобрени за употреба во Велика Британија добро делуваат против постоечките верзии на вирусот во земјата и нормално е тој да мутира, а многу мал број од тие мутации имаат посебни карактеристики, што го прави вирусот попренослив, имун на вакцините или потенцијален предизвикувач на сериозни болести.
– Би рекла дека тоа ретко се случува, но мора да внимаваме, истакна Пикок.
Би Би Си наведува дека оваа изјава доаѓа како дополнителна потврда на препораките на Светската здравствена организација за употреба на вакцината на АстраЗенека дури и во државите кои се борат против новиот вид на коронавирус.
Ново на Сител
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО