Пијанистката Тамара Стефановиќ - солист на концертот на Филхармонија
На симфонискиот концерт на Македонската филхармонија насловен „Рапсодија“ вечер ќе настапи српската пијанистка со светска кариера Тамара Стефановиќ. За концертот беше најавен пијанистот Лукаш Вондрачек, но поради болест тој го откажа гостувањето во Скопје.
Пијанистката Тамара Стефановиќ, која настапува во сите прстижни концертни сали во светот, соработувајќи со врвни диригенти како Еса-Пека Салонен и Владимир Ашкенази, ќе го изведе атрактивниот Концерт за пијано бр. 21 од Моцарт.
На програмата на концертот се и Увертира од операта „Руслан и Људмила“ од Михаил Глинка, како и Првата симфонија од Дмитри Шостакович, дело со кое рускиот композитор станал популарен надвор од неговата земја.
Оркестарот на Македонската филхармонија ќе настапи под диригентската палка на Јерухам Шаровски од Израел.
Ново на Сител
-
Стармер ќе разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа и тарифите за британскиот челик
-
Италија победник на Лигата на нации во одбојка за жени
-
Отпечаток од рака стар 4.000 години пронајден на египетски глинен сад
-
Северна Кореја ја одбива понудата за дијалог со Јужна Кореја
-
Тројца загинати, десетици повредени во вчерашната железничка несреќа во југозападна Германија
-
Предупредување до сопствениците на „Андроид“ за апликациите што преземаат чувствителни податоци
-
Фон дер Лајен: Со САД постигнавме договор што обезбедува стабилност и предвидливост за двете страни на Атлантикот
-
САД посредува во мировните преговори меѓу Тајланд и Камбоџа во Малезија