Спорт плус
24. November 2020 - 10:17

Пијанистка, шампион во велосипедизам

Дуња Иванова, како претставник на Велосипедскиот клуб Енерџи од Скопје е годинешниот државен првак со освоени три први места на Државното друмско-ридско, Државното друмско – хронометар и Државното првенство во планински велосипедизам, а во организација и како дел од годишниот календар на Велосипедската федерација на Македонија.
 
Титулата ,,државен првак“ претставува највисокото признание во спортските кругови во текот на една календарска година.
 
Иванова работи како концертен пијанист и наставник,  а е и доктор на науки по естетика.