Пијан возач ги прегазил на тротоар и почнал да вика - Знаете ли кој сум јас?!
Една жена загина, а две лица се тешко повредени во страшна сообраќајка која се случила во Загреб, кога Ауди А3 прегази тројца пешаци на тротоар.
Возачот најпрво изгубил контрола, па искршил неколку заштитни столбови на улицата, а потоа удрил во семафор и налетал на пешак. Аудито кое дивеело на улица, а во кое останал заглавен еден од столбовите, застанало дури по триесетина метри. Од ударот, на лице место загинала 60-годишна жена, додека уште двајца пешаци се тешко повредени.
Сведоците тврдат дека возачот кој лудувал на улиците со бесниот автомобил, веднаш по несреќата ги оставил пешаците во локви крв и избегал.
- Кога излезе од автомобилот почна да се клати лево-десно, па да вика: Знаете ли кој сум јас? Јас можам се, велат сведоците кои се нашле на местото на страшната несреќа и воедно додаваат дека возачот бил во алкохолизирана состојба. На помош веднаш притрчале случајните минувачи кои го задржале додека да пристигне полицијата.
Во моментот на ударот, околу 50-на луѓе се подготвувале да ја преминат улицата на пешачки. Аудито кое загубило контрола на тротоарот возело барем 100 метри.
По несреќата се слушнало вриштење. Граѓаните биле во паника, повредените лежеле во крв на улица, а возачот арогантно се дерел.
Ново на Сител
-
Македонија не е мизерна и нема да пропадне ако не влезе во ЕУ, кажа хрватскиот претседател Милановиќ
-
Тема на денот со Татјана Стојаноска Иванова, професорка на Институтот за социологија
-
Милановиќ: Повеќе нема да жалам некого затоа што не може да влезе во ЕУ
-
Пет активни пожари во Македонија
-
Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за пожарите
-
4 куќи гореа во пожарот во Злокуќани, повредено малолетно дете и двајца пожарникари
-
Како се менуваше насилниот криминал во Македонија изминативе 15 години?
-
Седум повредени од трагедијата во Кочани се уште на болничко лекување во земјата и странство