-->
-->
ПФЛ: Победа водеше, Вардар победи
-->
Со многу среќа, пресврт и гол во 94-минута фудбалерите на Вардар ја совладаа Победа со 2-1 во последниот натпревар на 12. коло во Првата македонска лига.
На средбата одиграна на арената „Филип Втори“ во Скопје, гостите од Прилеп први дојдоа во водство од 1-0 со голвт на Благоја Гешоски во 24-минута, што беше и актуелен резултат на полувремето, и покрај неколкуте шанси кои ги имаа вардаровите фудбалери.
Во вториот дел. Прлилепчани му ја препуштија играта на домаќинот, па како резултат на константниот притисок во 88-минута дојде израмнувањето со погодокот на Јасир Асани.
Тоа им даде дополнителен мотив на врвено-црните, па во четвртата минута од судиското дополнеие (90+4) Дамир Којашевиќ со прекрасен гол од повеќе од 25-местри го постигна вториот гол за Вардар за победа и нови три бодови.
На останатите натпревари од 12.коло беа постигнати овие резултати: Силекс – Брегалница 1-0, Пелистер – Македонија ЃП 1-0, Ренова – Работнички 1-1 и Шкупи – Шкендија 0-0.
Табела: Вардар 28 бодови, Шкендија 20, Работнички 19, Пелистер 16, Ренова 15, Шкупи 13, Силекс 11, Победа 9, Македонија ЃП 9 и Брегалница 8.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведено лице од Кавадарци, возел пијан - а имал забрана за управување возило
-
Ѓоковиќ за проблемот со очите во финалето во Мајами: Не сакам ова да звучи како изговор
-
Во Србија треба да почнат консултации за формирање влада
-
Трамп: Американските царини ќе ги опфатат сите земји
-
До петок повремени врнежи
-
Приведено лице, возело 173 километри на час на автопатот Гостивар - Тетово
-
Приведен бегалец од затвор, вратен е во КПУ Идризово
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата „Рубикон“?