Петти регионален форум за владеење на правото во Југоисточна Европа
Над 150 претставници на правосудните институции од Македонија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово, како и девет сегашни и поранешни судии од Европскиот суд за човекови права во Стразбур, денеска и утре во Скопје ќе учествуваат на петтиот Регионален форум за владеење на правото на Југоисточна Европа.
Оваа година темата на Форумот е забраната на мачење и нечовечко или понижувачко постапување или казнување.
Целта на Форумот, како што велат организаторите, е да го подобри спроведувањето Европската конвенција за човекови права и да помогне во процесот на интеграција на регионот во ЕУ.
Во текот на Форумот ќе се дискутираат обврските на државите во притворите, лошото постапување особено со лицата од ранливи категории, вклучувајќи ги и децата и лицата кои се соочуваат со проблеми поврзани со менталното здравје, лошото постапување во контекст на имиграциите, како и користењето докази во кривичните постапки прибавени со мачење.
Форумот е во организација на AIRE Центарот и (Advice on Individual Rights in Europe) и Civil Rights Defenders, со поддршка од Британската влада, Шведската агенција за меѓународен развој и Советот за регионална соработка.
Форумот, како што е најавено, ќе го отвори премиерот Зоран Заев, министерот за правда Билен Саљији, како и амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Чарлс Едмунд Гарет и шведскиот амбасадор во Македонија, Матс Стафансон.
Ново на Сител
-
Опозицијата обвинува за селективна истрага, власта вели одговорноста ќе има име и презиме
-
Посебен сообраќаен режим
-
Црвен крст: Првата исплата ќе изнесува по 2.400 евра на 240 семејства
-
Поддршка од Израел
-
Боре Видевски негира дека е вмешан во убиствата на Вања и Панче
-
Муртезани: Пристигнаа првите 52,4 милиони евра од инструментот за реформи и раст од ЕУ
-
Две лица убиени во пукотници во Волково
-
Четири пациенти во критична состојба